Законска Регулатива

Врз основа член 47 од Законот за безбедност и здравје при работа ( “Службен Весник на Република Македонија ”,бр. 92/ 07), министерот за труд и социјална политика донесе:

ПРАВИЛНИК за личната заштитна опрема која вработените ја употребуваат при работата

член 1

Со овој правилник се утврдуваат минималните барања за безбедноста и здравјето на вработените при употреба на личната заштитна опрема на работното место.

член 2

Личната заштитна опрема треба да се употребува кога ризиците не можат да се одбегнат или доволно да се ограничат со технички средства на колективна заштита или со мерки, методи и постапки на организација на работата.

Член 3

Лична заштитна опрема согласно овој правилник е секоја опрема која работникот ја носи ,држи и ја употребува при работата, со цел да го заштити истовремено од една или повеќе опасности кои можат да ја загрозат неговата безбедност и здравје при работата.
Повеќе

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој правилник се пропишува техничката опрема која е предмет на технички преглед и периодични испитувања согласно овој правилник, начинот и постапкта за ставање во употреба и правилното користење на техничката опрема, видот на документите кои ја следат техничката опрема при ставање во употреба и при користење, активностите и временскиот распоред на технички преглед и периодични испитувања, начинот и постапката за вршење на техничките прегледи и периодичните испитувања, поблиските услови кои треба да ги исполнат независните правни лица што учествуваат во постапката за технички преглед и периодични испитувања и мерките за подобрување на безбедноста на постоечката техничка опрема.

 

Врз основа на член 19, од Законот за техничката инспекција (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 42/2008). :: министерство за економија

Повеќе